ВИДЕО – Димковски: Откупувачите имаат рок до 15 март да дадат предлози околу измените на Законот за тутун


Ние имавме неколку состаноци со сите откупни фирми и во самото Министерство  со претставници на тутунопроизводителите и отворивме дел за да дадат предлози до 15 март, затоа што сами го одбраа рокот, доколку имаат одредени измени во Законот за тутун и сродни производи на тутун и тоа зборувавме во делот кој го регулира откупот, производството и трговијата со суровиот тутун. Така да оставено е да ги погледнеме, истакна денеска на трибината во Прилеп околу најавените измени на Законот за тутун, Трајан Димковски, претседател при комисијата за земјоделство на СДСМ.


„Инаку зошто ја инициравме, искрено да кажеме дека и ние кога видовме како се однесуваат на терен токму оваа година, им рековме многу јасно, или прилагодете се со она што е во Законот ставено, почитувајте го Законот, или ние ќе мора да преземеме одредени мерки затоа што не може да дозволиме тутунопроизводители кои се фокусирани, кои работат сериозно и кои имаат квалитетен тутун да им се проценува со пониски класи за да бидат подеднакво платени.

Фокусот беше на тоа, има реакции од страна на откупувачите, рековме очекуваме некаде до 15 март, тоа е наш договор, да видиме кои предлози ќе ги дадат. Но сигурно дека ние нема да останеме, доколку продолжат и понатаму со ваков начин на откуп, бидејќи зборуваме и за субвенции, 100 денари по килограм не се малку пари за да некој така едноставно го изигрува системот, во еден Закон кој е работен транспарентно, во 2018 година е донесен новиот Закон за тутун каде се дадени сите финеси, сите потреби што беа неопходни.

И да напоменеме дека токму тутунот е еден од најорганизираните откупни производи во државата, да не дозволиме да го упропастиме сето ова. Ова беше јасна порака кон сите откупувачи, се сложија, прифатија вина во ова, но да видиме какви реакции ќе направат“, истакна Димковски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи