ВИДЕО – Ковачевски: Секој тутунопроизводител годинава заедно со субвенциите ќе добие 465 денари за прва класа предаден тутун


Бербата за 2023 година завршува со висока просечна цена од 365 денари за килограм и ова е историски највисока откупна цена на тутунот. Со ова ќе потврдам и уште еден друг факт, а тоа е дека во 2014 година просечната откупна цена беше  117 денари за килограм, а сега имаме за 212% повисока откупна цена. Зошто е тоа така? Затоа што кога нешто се сака и кога нешто напорно се работи и системски се работи и кога се слушаат интересите, меѓутоа и мислењата на земјоделците, кога заедно со сите чинители се креираат мерките, тогаш се е остварливо и нема недостижна цел, изјави пред денешната трибина со тутунопроизводиотелите во Прилеп, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачески.


„Тоа го покажа владата предводена од СДСМ, парите ги враќаме назад кај граѓаните, во овој случај назад кај земјоделците. Денес не се трошат буџетски средства за гипс, за бронза, за врби во Вардар, за стиропори, за секакви други измислени работи, туку напротив се користат за поддршка на земјоделците и поддршка на сите други групи на граѓани. Денес нема партиски списоци за поделба на субвенциите, денес не одат министри кои врска немаат со земјоделие на откупните центри да кажуваат која класа е прва, која втора, која трета од тутунот и секој кој ги исполнил условите добива на својата сметка субвенции.

До 2016 година имаше еден вид на субвенции за тутунот во износ од 60 денари по килограм и тоа беше за сите класи. Со СДСМ таа поддршка се зголеми, воведовме нов модел за висината на субвенциите, за прва класа 80 денари, за втора класа 70 денари, а за трета класа 60 денари. И не застанавме тука, оваа година субвенцијата за тутунот ја зголемивме за 20 денари за сите класи, тоа значи дека наместо 80 денари како досега во изминатата година, секој тутунар што предал прва класа тутун ќе добие субвенција од 100 денари. Исплатата на субвенциите ќе биде согласно со предвидените рокови, крајот на март или почетокот на април.

Односно, пресметано субвенцијата заедно со повисоката откупна цена од 365 денари, секој тутунопроизводител оваа година вкупно е добие 465 денари за прва класа предаден тутун. Да посочам, годинава скоро целиот откупен тутун е прва класа.

Со новата програма на СДСМ за 2024 година тутунарите покрај субвенцијата за откупен тутун по килограм ќе добијат и 6.000 денари по хектар обработена површина, а со тоа се стекнуваат со право од 2025 година да користат 100% од трошоците за нафта, каде по хектар ќе изнесува 12.000 денари за зелена нафта. Дополнително со новата програма на СДСМ е предвидено зголемување на сумата за субвенции во периодот од 2024 до 2028 година на 750 милиони евра вкупно во земјоделието, што е за 30% зголемување на субвенциите во однос на претходниот 4 годишен период“, истакна Ковачевски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи