Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (07.02.2024) во период од 14-20 часот продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот при што изречени се 72 санкции за непочитување на брзината на движење и тоа 25 мерки во Битола, 11 во Прилеп ,19 на подрачје на Ресен, 12 санкции на подрачје на Македонски Брод, 3 Крушево и 2 санкции Демир Хисар.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
178