Викендов во Свилајнац, Р. Србија се одржа натпревар во ритмичка гимнастика “Евита Куп 2024”. Прилепскиот клуб “Авантгард” под раководство на Александра Стојаноска повторно ги покажа своите квалитети и таленти.
Иако работат во скромни услови се закитија со грст медали. Повторно најуспешна беше Илина Кузманоска која го освои првото место во категорија 2014, со реквизит “чуњеви” и се закити со златен медал.
Во 2023 година на истиот натпревар Илина освои прво место во Свилајнац, Р. Србија, а изминатите години Илина освојуваше медали и на натпреварите во Сараево (Р. Босна и Херцеговина), Хасково (Р. Бугарија). Прилепчани се гордеат со младите таленти кои се вистински амбасадори на градот и Република Македонија.
227