Поразителни податоци – Македонија лани потрошила скоро 1 милијарда евра за увоз на храна, за 10 години увозот е зголемен за 88%


Со извршната директорка на Рурална Коалиција, Лилјана Јоноски во ова издание на емисијата Инфо Регион поразговаравме за еден горлив проблем што наголемо и се заканува на Македонија, а тоа е недостигот на храна.

Фрапантните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат во која насока се движи македонското земјоделие. Во 2023 година Македонија потрошила скоро 1 милијарда евра за увоз на храна. Само во текот на јануари 2024 година за ова биле потрошени 85 милиони евра. Ако во 1991 година Македонија имала 660.000 хектари обработливи површини, сега имаме 514.000 хектари, но она што е уште позаструшвачки е што од тие 514.000 хектари само 53% се обработуваат или се засејани со некоја земјоделска култура. За една деценија увозот на храна е пораснат за цели 88%.

Ако во периодот 2013-2014 година земјоделството учествувало со 11,8% во нашиот БДП,с ега според податоците на Светска банка овој удел во нашиот БДП е само 8,6%.

Според проценките на на Факултетот за земјоделски науки и храна ако ги искористиме сите наши ресурси и целото обработливо земјиште немора воопшто да увезуваме храна.

Кризата со Украина и кризата со храна на светско ниво ги отвори прашањата за стагнацијата на нашето земјоделство и на каде оди тоа. За ова свое големо влијание имаат масовното празнење на селата, како и климатските промени.

Повеќе на оваа тема, но и за тоа која е опасноста што не очекува за 10 години ако продолжат овие трендови погледнете во интервјуто.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи