Клубот за естетско ритмичка гимнастика „АВАНТГАРД“ – Прилеп зеде сериозен замав со успеси со свои учеснички (грации) на интернационални натпреварувања. Клубот „АВАНТГАРД“ ја развива оваа олимписка дисциплина рамо до рамо со познати клубови од балканот и пошироко, чии клубови оваа дисциплина ја работат повеќе од 30 години.
Нашите прилепски грации полека и успешно веќе 8ма година заедно со нивниот тренер и претседател на клубот Дип. Професор по физичко воспитување Aleksandra Stojanoska така и овој пат покажаа и докажаа со учеството на интернационалниот куп ЕВИТАКУП кој се одржува во Свилајнац – Р.Србија и ги освоја следните места во различни категории:
Групна вежба AGG (8-10 години)
1 место-(Калина Петкоска, Сара Маркоска, Галена Јорданоска, Галена Ацеска, Марија Кузманоска, Илина Кузманоска, Јована Везенкоска,Ива Конеска, Дарија Бунтеска, Мелани, Ристеска, Исидора Нешкоска и Сања Гулеска).
Индивидуална вежба – реквизит лента
1 место-Анастасија Нешкоска
Индивидуална вежба – реквизит чуњеви
1место-Илина Кузманоска
Индивидуална вежба – реквизит топка
2 место-Георгина Апостоловска
Индивидуална вежба – реквизит топка
4 место-Јована Везенкоска
Индивидуална вежба – реквизит обрач
5 место-Јана Димоска
Индивидуална вежба – реквизит обрач
7 место-Галена Ацеска