ВИДЕО – Николоски: Уште годинава Прилеп ќе добие 4 милиони евра, ќе ја забрзаме изградбата на Прилеп-Градско и автопатот за Битола


Прво да честитам на градоначалникот, на претседателот на Совет, пратениците, советниците, затоа што во Прилеп навистина се реализираат бројни проекти и ми е драго што еве после 2 години се случува една инфраструктурна трансформација на градот. Она што можам да го ветам за следниот период е дека веднаш после парламентарните избори планираме да направиме ребаланс на Буџет, со цел ветувањето што го дадовме, а тоа е некаде 250 милиони евра од капитални расходи да се спуштат во општините и да бидат дел од пакетот за децентрализација, ќе се случи уште оваа година, што значи дека Прилеп може да очекува оваа година, некаде во втората половина да има некаде околу 4 милиони евра кои би биле за инфраструктурни проекти кои ќе ги понуди Општината, истакна при денешната посета на Прилеп, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

„Што значи на сето она што го имаме досега како реализација и што сега ќе се реализира во следниот период, дополнителни средства би дошле од Буџетот уште оваа година во вредност од 4 милиони евра, што значи дека во еден 4 годишен инвестициски циклус, тоа би било најмалку 16 милиони евра, а со добри проекти може да оди до 20 милиони евра, со што конечно би сакале да ги затвориме основните инфраструктурни проблеми на граѓаните, пред се тука мислам во делот на патна инфраструктура, водоводни и канализациони системи. Исто така во делот на претшколска возраст, односно градинки, изградба и опремување, и во делот на образование односно во делот на училишта и спортски сали, како би можеле после 4 години да зборуваме за далеку покрупни проекти. Нашата идеја е со овој процес на децентрализација да се спуштат средствата помеѓу граѓаните.

Градоначалникот спомна, денеска ќе направиме увид во неколку проекти кои се работат, тоа е кружниот тек тука пред нас, почетокот на изградба на спортска сала, скоро сме во финале на реконструкција и рехибилитација на 60 улици во Прилеп, што е невидено во историјата на градот во еден вака кус временски период да се направи. Исто така при крај е еден голем проект во селото Канатларци, која треба да реши децениски проект за сите жители таму, кој очекувам во следните 2 до 3 недели исто така да е готов. Имаме бројни други проекти кои ќе следуваат во следниот период.

Она што исто така сакам да го споменам еве од тука и да го потврдам дека е при крај изработката на програмата на ВМРО ДПМНЕ за следните парламентарни избори, еден од приоритетите ќе биде подобро инфраструктурно поврзување на Прилеп. Тука пред се мислам на конечна изградба на експресниот пат од Градско до Прилеп, гледате дека откако се промени власта овие 7 години камен немаат ставено и скоро и ништо да не се случува таму, освен што се блокира сообраќајот по постојниот пат кој се користи. Така да во план ни е во максимално брз рок тоа да се заврши. Исто така едно автопатско решение од Прилеп кон Битола. А она што можам да го најавам за највозрасната категорија на граѓани во делот на пензиите е дека уште во првата година од мандатот на ВМРО ДПМНЕ планираме линеарно зголемување на пензиите за 5 илјади денари, што значи оние кои земаат најниска пензија од 12.000 денари веќе ќе земаат 17.000 денари и така прогресивно да продолжиме во следниот период“, истакна Николоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи