ВИДЕО – Матеј Тодоров добитник на Гран при наградата на изложбата на маски со која започнува Карневалот „Прочка“


Со отворањето на изложбата на маски, изработени од учениците од сите основни и средни училишта, во Прилеп започнаа активностите за 22-от по ред Карневал Прочка кој што викендов ќе се одржи во Прилеп. На изложбата имаше околу 400 навистина уникатни креации, изработени од вредните раце на младите. Маските беа претежно направени од природни материјали. Од жири комисијата која што ги оценувала истакнаа дека имале навистина тешка задача за да ги одберат најдобрите маски во секоја од категориите.


Оваа година имавме навистина тешка задача да избериме квалитетни маски, бидејќи конкуренцијата е голема. Критериумите беа да бидат искористени повеќе материјали, од синтетички, рециклирачки и други материјали кои можат да ги пронајдат децата. Имавме доста голема конкуренција и мислам дека направивме добар избор.

Во кои категории и како течеше изборот?

Категориите се поделени на средни училишта, втора категорија осмо и деветто одделение, трета категорија беа седмо и шесто одделение, четврта категорија беа до петто одделение, а имаме специјална награда и гран при награда. Ова денеска ни кажува дека децата стануваат се покреативни, истражуваат, експериментираат со материјалите и добиваат одлични резултати кои можат да ги прикажат токму на оваа изложба, со овие креативни маски. Се надеваме дека в година ќе има уште поголема конкуренција, поголем избор и повеќе креативни маски“, рече Методи Исков, жири комисија.

Гран при наградата ја доби Матеј Тодоров кој учи во 8-мо одделение во основното училиште „Блаже Конески“ за маската насловена како „Прилепскиот тутунар“.

Мојата маска ја правев околу 1 недела. Маската го преставува градот Прилеп и низ оваа маска се преплетени маката и гордоста на тутунот.

Од кои материјали ја изработи?

Од саргии, тутунски конец, лисја тутунски.

Дали беше тешко изработувањето?

Беше напорно, но не беше многу тешко, со задоволство ја правев маската.

Со кого ја изработуваше?

Со мојата мајка.

Колку време ја изработувавте?

Околу една недела, 7-8 дена. Ја изработувавме дома, а имавме и мала помош од комшиите.

Дали имаш досега учествувано на оваа изложба?

Учествував минатата година, освоив исто прво место, ми беше чест да учествувам“, кажа Матеј Тодоров, добитник на Гран При наградата.

Главното дефиле ќе биде во недела на 17-ти во центарот на градот за кога се пријавени над 500 учесници распоредени во 20-тина групни и поединечни маски. Гости ќе има од другите градови како Кавадарци, Пробиштип, Куратица, Мокриево, Берово, Сопот, Струмица и други. Покрај дефилето ќе има и куклено шоу, магионичари, жонглерски и други атракции, кои се карактеристични за овај празник. Годинава ќе има една интересна новина, а тоа е презентација на стариот обичајот амкање.

Со денешната изложба на маски и овие прекрасни креации изработени од рацете на нашите ученици од сите основни и средни училишта, а за оваа година прв пат имавме и учество на детските градинки, всушност ги започнуваме карневалските денови, односно сите активности кои следат во овие 3 дена. Ова е еден прекрасен начин да се започне тоа и од срце им благодариме на нашите најмали креативци кои во иднина ќе ја продолжат традицијата на чување и негување на културното наследство и негова презентација пред пошироката јавност. Централниот настан е во недела, во 12 часот започнува дефилето на маски од пред Центарот за култура „Марко Цепенков“. Пријавени се повеќе од 20 маски, со вкупно над 500 учесници. Трасата ќе се движи се до плоштадот „Методија Андонов – Ченто“, каде ќе има претставување со кореографија и музика. Стручна жири комисија ќе ги одбери и најдобрите, за кои ќе има и награди“, изјави Снеже Ристеска, советник за култура во Општина Прилеп.

Пријавувањето за карневалот е се уште отворено, секој оној кој не стигнал може тоа да го направи на karneval.mk или на ФБ страна на карневалот, да ја симне пријавата и да испрати во електронска форма или да ја донесе на централната бина. Исто така викендов сите угостителски објекти во Прилеп имаат продолжено работно време, кои имаат подготвено своја програма со забави како преку денот, така и во вечерните часови со жива музика, за посетителите кои се очекуваат да дојдат во Прилеп од сите градови на Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи