Ја прифаќаме понудата на Бектеши за тоа кој ќе ги изгуби претстојните избори, повеќе да не се занимава со политика, рече денеска во Прилеп, Николоски.
„Ако добро ја разбирам изјавата, затоа што не сум ја видел, тој кој ќе ги изгуби изборите да престане да се занимава со политика? Одлично, ја прифаќаме, тоа значи дека Крешник му спрема свилен гајтан на Али Ахмети, можеби е еве кандидат за лидер во ДУИ имајќи предвид дека ДУИ ќе ги изгуби овие избори и дека нема да е во следната влада, добро е да знаеме дека Крешник Бектеши има такви амбиции, ако ништо друго претседателството на ДУИ ќе остане во Кичево“, истакна Николоски.
215