ВИДЕО – Николоски: Бектеши изгледа му подготвува свилен гајтан на Ахмети, ДУИ ќе ги изгуби изборите


Ја прифаќаме понудата на Бектеши за тоа кој ќе ги изгуби претстојните избори, повеќе да не се занимава со политика, рече денеска во Прилеп, Николоски.


„Ако добро ја разбирам изјавата, затоа што не сум ја видел, тој кој ќе ги изгуби изборите да престане да се занимава со политика? Одлично, ја прифаќаме, тоа значи дека Крешник му спрема свилен гајтан на Али Ахмети, можеби е еве кандидат за лидер во ДУИ имајќи предвид дека ДУИ ќе ги изгуби овие избори и дека нема да е во следната влада, добро е да знаеме дека Крешник Бектеши има такви амбиции, ако ништо друго претседателството на ДУИ ќе остане во Кичево“, истакна Николоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи