20 годишен прилепчанец тешко повреден во сообраќајката на патот Прилеп – Битола

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што се случила еден час по полноќ на патот Прилеп – Битола. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат дека сообраќајката се случила меѓу товарно возило „ман“ со битолски регистарски ознаки кое било управувано од 58-годишниот битолчанец Д.М. и автомобил „ауди“ со прилепски регистарски ознаки кое го возел 20-годишниот Д.К. од Прилеп.

Во несреќата, како што се наведува во извештајот на МВР, со тешки телесни повреди се здобил 20-годишниот возач на автомобилот „ауди“ кои биле констатирани во прилепската болница.

По несреќата, увид на местото извршила екипа на СВР Битола.

Сообраќајната несреќа е причина за пренасочување на возилата, кои во делот меѓу Прилеп и селото Лаговo возат по стариот пат, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Екипи на Јавното претпријатие „Македонија пат“ се на местото на сообраќајката и работат на расчистување на возилата и нормализација на сообраќајот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи