ВИДЕО – Во Македонија недостасуваат 50% од потребниот број на медицински сестри


Во здравствените установи низ Македонија во моментов недостасуваат 50% од потребниот број на медицински сестри или околу 8.000, а тој број постои опасност и да се зголеми со се поголемиот одлив на овој кадар во странство. Малите плати и нерегулираниот статус биле главните причини за иселувањето, а ова може да се стопира само со коренити реформи. Ова е ставот на медицинските сестри кои денеска во Прилеп го одржаа првиот симпозиум на новоформираното Друштво на медицински сестри за примарна заштита.


„Ние не можеме да ја сопреме миграцијата. Единствениот начин на кој можеме да ја сопреме е да ги подобриме условите за работа на прво место, да ги покачеме задоволствата на медицинските сестри и на трето место личните доходи. Задоволствата и личните доходи треба да дојдат преку нивниот кариерен развој и признавањето на нивната професија. Сестрите не можат вечно да бидат по билниците помошниот персонал, тие имаат автономна, професионална професија која ја бранат со вакви стручни и професионални настани“, истакна Гордана Бешлиоска, претседател на здружението на медицински сестри, акушерки и стоматолошки сестри „За Нас“.

 

„Конечно дојде времето да биде слушнат гласот на сестрите и од примарно здравство, каде бевме заборавени. Нашиот статус најчесто беше детерминиран од општеството во кое се наоѓаме“, вели Елизабета Настеска, претседателка на Друштвото на медицински сестри за примарна заштита „За Нас“.

Образованието и едукацијата на сестрите, како и добивањето на академските студии и признавањето во болниците по компетенција и работни задачи исто така било значаен фактор за подобрување на состојбата со медицинските сестри.

Кога имаме едукација, кога имаме образование, кога имам критична маса можеме да поднесеме промени, сето ова е за да ги промениме нештата за сестрите, да го сопреме одливот, да ги подобриме условите и едноставно да се приближиме до современото сестринство“, додаде Бешлиоска.

Беше најавено и продолжување на реформите во примарната здравствена заштита и децентрализација на системот за да може овие лекари и сестри да даваат повеќе услуги.

Здравствените работници, вклучувајќи ги и лекарите и сестрите од примарното здравствено ниво имаат компетенции кои можат да бидат надградени за да даваат уште повеќе дијагностички услуги како што се холтер дијагностика, ехо дијагностика, спирометрија на ниво на примарна здравствена заштита, за да се овозможи пациентите да можат тие услуги да ги добијат најблиску до местото на нивното живеење“, изјави Злате Меџмедовиќ, Национален координатор за реформи во примарната здравствена заштита.

Инаку идната година Унијата на медицински сестри на Македонија ја доби доби довербата да биде домаќин на на Балканската конференцијата на медицински сестри.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи