На 25.03. 2024, понеделник од 19.30 ч. во кино Мис Стон премиерно ќе биде прикажан филмот „Недела“.
Филмот „Недела“ го следи животот на еден од омилените пејачи на овие простори, Џеј Рамадановски. Инспириран од вистински настани, ја раскажува приказната за Џеј од најраната младост до големиот успех што го оствари. Иако немал лесно детство, кое главно го поминал на улица и во поправен дом, Џеј успеа да го заземе своето место на музичката сцена и преку песна да стане дел од животот на многумина.
Режија: Немања Ќераниќ и Милош Радуновиќ
Улоги: Хусеин Алијевиќ, Марко Јанкетиќ, Стефан Вукиќ, Алексеј Бјелогрлиќ, Ален Селими, Ана Пиндовиќ, Златан Видовиќ, Милица Јаневски
Времетраење: 130 минути
Земја: Србија
Жанр: Драма
Влезниците по цена од 150 денари ќе се продаваат на билетарницата од киното:
- петок (22.03) од 10 до 13 часот,
- понеделник од 10 до 13 и еден час пред проекцијата