Кино Мис Стон со проекција на филмот „Недела“ во понеделник

На 25.03. 2024, понеделник од  19.30 ч. во кино Мис Стон премиерно ќе биде прикажан филмот „Недела“.

Филмот „Недела“ го следи животот на еден од омилените пејачи на овие простори, Џеј Рамадановски. Инспириран од вистински настани, ја раскажува приказната за Џеј од најраната младост до големиот успех што го оствари. Иако немал лесно детство, кое главно го поминал на улица и во поправен дом, Џеј успеа да го заземе своето место на музичката сцена и преку песна да стане дел од животот на многумина.

Режија: Немања Ќераниќ и Милош Радуновиќ

Улоги: Хусеин Алијевиќ, Марко Јанкетиќ, Стефан Вукиќ, Алексеј Бјелогрлиќ, Ален Селими, Ана Пиндовиќ, Златан Видовиќ, Милица Јаневски

Времетраење: 130 минути

Земја: Србија

Жанр: Драма

Влезниците по цена од 150 денари ќе се продаваат на билетарницата од киното:

  • петок (22.03) од 10 до 13 часот,
  • понеделник од 10 до 13 и еден час пред проекцијата

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи