Рекорден прилив од туризмот во 2023 од речиси 600 милиони долари

Поранешниот директор на Агенцијата за туризам, Љупчо Јаневски, објави дека е постигнат рекорден туристички прилив од 598.50 милиони долари за 2023 година во македонската економија.

„Тргнавме од 327,05 милиони долари за 2017 година и застанавме на 598.50 милиони$ во 2023 година со што се реализираа сите повлечени стратешки потези во короната и во изминатите шест години!

Благодарност и капата доле за сите туристички работници кои веруваа во една визија и застанаа рамо до рамо за нејзината реализација! Државата се сака со секојдневни победи на секое поле на индивидуално и колективно ниво!“,објави Јаневски.

Претходно Државниот завод за статистика во феврураи објави дека во текот на 2023 година се евидентирани вкупно 1.168.730 туристи, од кои 434.598 биле домашни, а 734.139 странски туристи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи