Утре во Прилеп презентација на артилериските системи и орудија на АРМ и вештините на баталјонот за специјални сили


Утре, (22.03.2024 година) во време од 15.00 до 18.00 часот, на плоштадот Александрија во Прилеп, Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија во соработка со локалната самоуправа организираат отворен ден за граѓаните. Настанот е дел од активностите со кои се одбележуваат 75 години од формирањето на НАТО и воедно четири години од нашето членство во Алијансата.

„На отворениот ден, присутните ќе имаат можност да се запознаат со артилериските системи и орудија од артилерискиот баталјон, вооружување, воената опрема и возила од повеќе единици, меѓу кои од пешадиските единици, баталјонот на воена полиција, баталјонот за врски и изидувачко разузнувачкиот баталјон.

Граѓаните исто така ќе имаат прилика да ги проследат борбените вештини на припадниците на баталјонот за специјални сили и алпинистичките вештини на ренџерите од составот на изидувачко разузнувачкиот баталјон. Активноста ќе биде проследена од началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и претставници од локалната самоуправа.

Отворениот ден во Прилеп е дел од планирани настани кои се организираат во седум градови во внатрешноста и во Скопје со кои ќе се одбележат 75 години од формирањето на НАТО и четири години членство на Република Северна Македонија во НАТО.

Претходно, граѓаните на Струмица, Кавадарци, Штип и Тетово имаа можност да присуствуваат на овие настани, а вакви отворени денови следуваат во Скопје, Охрид и Кичево. Се покануваат граѓаните на Прилеп, новинари, сниматели и фоторепортери да ги проследат активностите на отоворениот ден“, информираат од АРМ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи