Промоција на стихозбирката „Молк пред стиховите“ – прв настан на новата Национална установа Центар за култура „Десет Дена Крушевска Република“


На 23 март 2024 година, на празникот Тодорова сабота, во 18 часот, во НУ Спомен куќа Тодор Проески во Крушево се одржа промоција на стихозбирката „Молк пред стиховите“ на Ирена Дончева, што воедно беше и првиот настан на новата Национална установа Центар за култура „Десет Дена Крушевска Република“ која се оформи во овој град.

Ирена Дончева (Блажеска) е поетеса од Крушево, којашто во последните 3 години живее и твори надвор од Македонија. Нејзината љубов кон Македонија и родното Крушево, секогаш била и ќе остане како белег во нејзиното творење. Таа е дипломиран наставник по одделенска настава и досега има издадено 4 книги и тоа: „Странци со спомени“, „Тивка далечина“, „Недореченост“ и „Во светот на децата“. Таа со издавањето на книги на македонски јазик сака да го збогатува македонското творештво.

 

 

 

 

„Молк пред стиховите“ е нејзина петта книга по ред, книга исполнета со стихови, односно 28 песни инспирирани од делата на сите нас, од нашите мисли изговорени и потоа на хартија пренесени,песни кои зрачат со љубов,со едно секојдневие и силна волја. Стихови напишани со леснотија, во кои секој би се пронашол и барем за момент, лицето ќе се закити со насмевка, а душата со топлина и мир.
Промотор на настанот беше Елена Христоскаа стиховите беа пренесени од Ана Стојанов, а беше промовирана и стихотворба за Тоше во чест на празникот и неговиот именден во изведба на Захарија Ангелеска. Фотографиите се на Маја Преш.

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи