Да донираме од срце за Марко


Марко има Ангелман синдром еден од најретките во светот. Во Македонија има само 3 деца со ваков синдром. Се јавува со просечна фрекфренција 1на 15.000 до 1на 20.000 кај деца со нетипичен развој.

Марко се роди со дијагноза на лев бубрег односно хидронефроза која му правеше доста чести инфекции. На 2 недели првпат завршивме на болница со тешка бубрежна инфекција и од тогаш сме буквално цело време по здраствени институции. Првата операција ја направивме во Систина кај Ристо Симеонов кога Марко имаше 4 месеци и му беше вметната и сонда која исто така му предизвикуваше инфекции.

На 7 месеци имаше еден неуспешен обид за вадење на сондата по кој Марко доста искрвари и после 4тиот ден неподносливи болки при секое уринирање на Марко му беше ставен катетар кој го носеше 14 дена и потоа успешно му ја отстранија и сондата. За цело тоа време јас кај Марко ги приметував сите симптоми кои се типични за синдромот и упорно му ги кажував на сите доктори каде што одевме и конечно пред Марко да наполни една годинка ме упатија на детски невролог каде се утврди дека Марко има доцнење во развој, мала циста десно темпорално на мозокот и оштетување на фронталниот дел на мозокот.

Марко имаше потешкотии во моторичкиот дел односно не можеше да ги држи нозете цврсто, не можеше самостојно да седи и лази, но исто и доста интелектуална уназаденост за разлика од неговите врсници. На 1 година и 4 месеци за прв пат почна самостојно да седи. На 1година 6 месеци почна да лази правилно, а сега пред 3 месеци почна и да оди. Се уште не ги знае гестовите за чао и здраво, но почна да ги разбира игрите секој ден по малку…

Во Турција докторите ни даваат надеж дека со трансплатација на матичните клетки ќе му се подобри состојбата, а после првата трансплатација забележавме дека е поцврст и постабилен во одењето и повеќе фокусиран во играта, па затоа решивме да одиме и на втора трансплантација“, раскажува неговата мајка.

 

Телеком- 143142

А1- 143 700

Стопанска банка АД Скопје

Денарска сметка: 200002066443372 – Деан Мицески

Девизна сметка: 200003329468053 SWIFTкод – STOBMK2X

Германија: IBAN: DE73 6809 2000 0030 3169 08 BIC: GENODE61EMM

PayPal: miceskidean@gmail.com

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи