Приватните специјализанти на протест за повисоки плати и регулирање на работниот статус

Приватните специјализанти денеска одржаа мирен протест пред Министерството за здравство со барања за покачување на месечен надоместок, здравствено осигурување и регулирање на работниот статус.

Како што информираат од Здружението на лекари специјализанти, нивните барања до министерот за здравство се покачување на месечниот надомест којшто сега е 26.000 денари на ниво на моментална просечна плата во државава, односно 39.800 денари и понатамошно усогласување на нивната плата со просечната плата во државата.

Здружението исто така бара сите приватни специјализанти да добијат здравствено осигурување и да им се регулира работниот статус, бидејќи, како што наведуваат, во моментов се водат како невработени лица, со договор на дело, без стаж во тек на шест години специјализација.

„Доколку министерот и понатаму остане глув на барањата на повеќе од 400 лекари на специјализација, ќе гледаме чести репризи на денешниот протест. Ние нема да запреме се до исполнување на секое барање. На крај би сакала оваа изјава да ја завршам со зборовите на еден музички композитор кој неодамна почина – Мораме да се бориме за секој милиметар нормалност. Тоа ни е неопходна борба“, изјави докторка Александра Георгиева, претседателка на Здружението на лекари специјализанти.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи