ССМ најави синдикални протести на 2 април, 8 април и 1 мај

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов денеска информираше дека за 2-ри април е закажан протест во организација на ССМ, кој ќе започне од пред зградата на Работничкиот дом, а ќе заврши пред Врховниот суд, кој ќе биде во насока на, како што вели првиот синдикалец, судиите да донесат нова пресуда со која ќе го вратат Работничкиот дом на работниците.

„Со протестот сакаме да им покажеме на судиите дека треба да се одважат, дека правото и правдата мора да победат и дека треба што е можно побрзо да донесат нова пресуда со која ќе го вратат Работничкиот дом на работниците, на оние кои што го граделе. ССМ пред еден месец достави до Основниот граѓански суд во Скопје предлог за повторување на постапката врз основа на новите докази“, изјави Слободан Трендафилов претседател на ССМ, според кого се извршила „срамна конфискација на работничкиот дом од страна на државата“.

Протестот на 8 април ќе биде за усогласување на платите со минималната плата на половина администрација што го нема тоа право, како на пример секторите здравство, полиција, образование и други.

На 1 Мај, за Меѓународниот ден на трудот ќе биде организиран традиционалниот првомајски протест од каде ќе биде испратена порака дека работниците очекуваат најмалку 450 евра минимална плата во првите 100 дена од новата влада и враќање на хранарината и превозот. Како што истакна Трендафилов, ниту една политичка партија не побарала состанок со нив.

„Добро ќе беше да ги слушнеа барањата на работниците, затоа што тие се над 700.000, а директорите со кои се сретнуваат се 7.000“, порача претседателот на ССМ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи