Според податоците на Државниот завод за статистика, на почетокот на учебната 2023/2024 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 182.124, што претставува намалување за 1.6 % во однос на претходната учебна година. Математиката покажува дека бројот на основци за само една година се намалил за 2.975 ученици, од 185.099 колку што сме имале лани.
Во Македонија на почетокот на учебнава година има 955 основни училишта (едно помалку од лани) со 11.103 паралелки (13 помалку од лани) и 18.831 наставник (219 помалку од лани).
Бројот на средните училиштата е ист како лани, но бројот на паралелки е намален за 30, од 3.530 на 3.500. Бројот на средношколци, пак, е намален за 2.8%, односно за 1.949 ученици, од 69.227 колку што биле лани на на 67.278 ученици.
За да имаме претстава колку многу ни е намален бројот на ученици во земјава, на почетокот на учебната 2009/2010 година сме имале 210.381 основец и 95.343 средношколци.