ВИДЕО – Одлични резултати на првата пост-пенална програма кај нас во КПД Прилеп, а во реализација на Центарот за граѓанска иницијатива


Во прилепскиот Казнено поправен дом активно се спроведува првата во Македонија пост-пенална програма за ресоцијализација, реинтеграција и рехабилитација на осудени лица, како дел од проектот на Центарот за граѓанска иницијатива од Прилеп кој што е финансиран од ЕУ. Досега тим од психолог, психијатар и правен советник работел со 80 осудени лица, од кои на 8 им е обезбеден престој по напуштањето на установата, а на 10-тина им е обезбедено и вработување. Целта е овие лица да се вклопат одново во општествените текови.

„Се со цел да се зголеми степенот на лица и нивото на лица, во однос на бројот, кои понатаму ќе бидат заинтересирани за да се вклучат во работењето на општествениот живот да имаат свои приходи, за да не ја направат истата грешка и со тоа да се намали рецидивизмот на осудени лица во КПД Прилеп, кој што е навистина голем. Повеќе од 80% имаме рецидивизам на осудени лица кои веќе ја завршиле казната, а потоа повторно се враќаат во Казнено поправниот дом. Нашата цел и нашата поента е токму таа да се намали рецидивизмот, а осудените лица да ја помината таа стигна на непосакувани лица во општеството, односно целосно да бидат реинтегрирани и ресоцијализирани во општествениот живот после отслужувањето на затворската казна“, истакна Даниела Цветаноска, Центар за граѓанска иницијатива Прилеп.

Со осудените лица стручниот тим работи како во затворот така и одреден период кога лицето ќе излезе надвор. Исто така се работи и членовите на нивните семејства.

„Има многу кои се со повторени казни, лежел, па излегол, па пак се вратил неколку пати тоа се повторувало да се врати во затворот. Со тие лица е најтешко да се работи. Затоа што тоа е како некој нивни начин на живот, да излезат, исти тригери имаат, исти пријатели, иста средина, истите проблеми ги опкружуваат и повторно се враќаат на стариот начин на живот. Па и кога се излезени мора и понатаму да има психолошка помош затоа што некои се и зависници и можат лесно да се на старите патишта“, додаде Ана Алексоска, психолог во проектот.

Спроведувањето на овој проект треба да заврши во јуни идната година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи