По повод 1 април, Денот на смеата и шегата традиционално се одржа маскенбал на градскиот плоштад во Крушево, во организација на ООУ „Никола Карев“.
„Богатство од креации, шаренило од бои, уникатни и свои како никогаш до сега – тоа се нашите најмали и најмили.
Денот на кој децата најмногу му се радуваат, маскенбал каков што може само да се посака!!!“, истакна градоначалникот на Крушево, Томе Христоски.