Прилепчанец се заканувал на полициски службеници

На 01.04.2024 во 01.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека околу 00.05 часот, Д.В.(32) од Прилеп агресивно се однесувал и упатувал закани кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Според пријавеното, околу 00.50 часот тој телефонски се јавил на полицискиот службеник и повторно му упатил закани.

За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи