Филипче до сопартијците во Прилеп: Да се обединиме зад заедничката цел – победа на изборите

Во победничка атмосфера при отворање на новиот штаб во Прилеп, Филипче вчеравечер го повика членството на обединетост за победа на изборите.

Тој како носител на листата во Изборната единица 4, им порача на своите сопартијци да ги остават суетите настрана и да се обединат зад заедничката цел, а тоа е победата.

„Јас верувам дека можеме да направиме резултат кој никој не верува дека ќе го направиме. Но, за тоа прво ни е потребна една работа, еден предуслов, да бидеме обединети“, им порача Филипче.

Филипче говореше и дека поделбата е само во интерес на противниците, меѓутоа дека тие не треба да се предаваат и мора на изборите да излезат обединети.

„Нашите противници нè делат и во медиумите нè претставуваат како поделени, тоа е во нивни интерес. Ниеден член на СДСМ, ниеден симпатизер нема корист ако партијата е поделена, од тоа корист имаат само оние кои ни мислат добро. Јас знам дека на крај ќе излеземе обединети и ќе им го покажеме местото“ – заклучи Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи