ВИДЕО – Шаховски турнир на ветерани од Прилеп и Скопје – Имаме искуство и знаење кои сакаме да го пренесеме на младите


Во Прилеп се одржа шаховскиот турнир за ветерани помеѓу клубот „Скопје 72“ и шаховскиот клуб „Прилеп“ како домаќин. Идејата е на претседателите на клубовите Тони Кироски и Илија Стошевски, а целта е дружење на луѓето кои некогаш биле врвни имиња во овој спорт и премногу придонесле за неговиот развој во нашата државата. Шахистите велат дека шахот е врна умствена игра. Со модерната технологија и вештачката интелегенцијај ветераните сега признаваат дека на денешните нивни колеги им е навистина полесно.

„Не може да не се сака шахот, ветераните не може никогаш да го заборават шахот, шахот постои од младоста па се до возрасно доба. Шахот е игра која не смее да се спореди со ниту една друга игра. Многу шахисти различно го третираат шахот. Пример некои велат дека е интуиција, значи неговите потези ги претчувствува, но до крај не ги пресметува. А Фишер вели дека шахот е логика. Тој нема да одигра потег доколку до крај не го пресмета. Логиката и интуицијата се 2 различни работи, но помагаат и на едни и на други. Да ја видиме разликата помеѓу сегашните шахисти и некогашните. Некогашните немале компјутер, тие твореле на табла. А овие шахисти се компјутерџии, компјутерот ќе ми каже како да играат. Затоа порано имапе потег крстен по тој шахист, по оној шахист, а сега нема од младиве шахисти спрема нив да се игра некоја партија затоа што сето тоа се компјутерски потези“, вели Благоја Дамески, ветеран шахист од Прилеп.

Ветераните велат дека се доста актинви иако голем дел од нив веќе се во третото доба. Шаховски клуб на ветерани „Скопје 72“ активностите ги започнал пред 5 години, а официјално се регистрирал пред 2 години. Се вика „Скопје 72“ поради тоа што во далечната 1972 година во Скопје се одржала Шаховската олимпијада во организација на Светската шаховска федерација.

„Минатата година имавме преку 10 турнири организирано, првенство на Скопје, нашата екипа учествуваше на Светско првенство во Струга. Сега одиме да ги размрдаме и градовите. Ова е тоа размрдување да ги вратиме старите спомени. Прилеп бил центар на шахот, не само во Македонија туку и надвор од неа. Играше во втора лига, тука имаме пријатели врвни мајстори. Сега имае и велемајстор Станоески, но нешто треба да се направи за категорја С 50, С 65, тоа се ветерани кои треба да  се дружат, а со тоа ќе ја победат и деменцијата. Шахистите имаат страшна меморија. На нас не ни требаат лекови за заштита на мозокот, на нас ни треба само шах, тоа е природна вежба на умствените келии“, додаде Илија Стошевски, претседател на Шаховскјиот клуб на ветерани „Скопје 72“.

Ветераните велат дека имаат големо искуство во овој спорт и дека сакаат да го пренесат на младите. Но за тоса требало малку поголем ангажман и од државаа.

„Прилеп посебно има иднина, еве мојата внука од синот, иако има само 9 години, неколку пати беше прва на Прилеп во пионери, потоа и прва во Македонија. Сега има 9 во 10 години и беше на Европско првенство во Белград пред неколку денови“, истакна шахистот Дамески.

 

„Имаме големо искуство, меѓу нас има големи мајстори и треба тие да го пренесат своето искуство на младите. Сега има некоја активност која се прави по училиштата, но според мене не е баш поставено тоа на здрава подлога, ќе ги учеле шах учителките. Треба за тоа инструктор. Како што било така треба и да биде. Значи шаховски инструктори мајстори треба да ги земат да ги учат децата. Ние во Македонија во изминативе 20 години паднавме на квалитет. Сега на пример во светот на 15 години стануваат велемајстори со највисока титула. Ние моментално имаме 2-3 играчи со ФИДЕ мајстор, најниската титула. Зборува дека нешто треба да се преземе“, потенцираше Стошевски.

Идејата е вакви турнири помеѓу ветераните да се организираат и во другите градови на Македонија, но и помеѓу клубовите од поранешните ЈУ републики, како и соседните држави.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи