Поради штрајк на грчката царина наредните денови ќе има привремено затворање на граничните премини

Регионалниот центар за гранични работи – Југ ја известува јавноста дека поради штрајк на грчката царина во наредните неколку денови ќе има привремено затворање на граничните премини од грчка страна.

 „Граничниот премин Меџитлија- Ники од грчка страна ќе биде привремено затворен за секаков вид на сообраќај во периодот од 06 часот на 02.04.2024 до 06 часот на 04.04.2024.

Граничниот премин Стар Дојран од грчка страна ќе биде затворен од 06 часот на 02.04.2024 до 06 часот на 04.04.2024. На овој граничен премин влез/излез во Р.Грција ќе можат да остварат само возила кои вршат транспорт на лекови и други медицински возила.

Граничниот премин Богородица ќе биде целосно затворен за секаков вид на сообраќај од 06 часот на 02.04.2024 до 06 часот на 04.04.2024“, стои во соопштението на Центарот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи