Полицијата активно трага по лицето кое што вчера пукаше со автоматска пушка кон градоначалникот на општина Арачиново, Ридван Ибрахими, додека вршел надзор на работите на тротоар на главниот пат.
Градоначалникот Ибрахими не е неповреден во нападот, но возачот и обезбедувањето се здобиле со телесни повреди на местото на настанот. Потешко рането е лице на 21-годишна возраст, кое се наоѓа на торакална клиника во Скопје каде му е отстранет дел од белите дробови, додека пак другото лице е во Градската болница Свети Наум и е во добра здравствена состојба.
Мотивите за нападот се уште не се познати, но се шпекулира дека станува збор за стари имотни проблеми, поточно за земјиштето во државена сопственост , каде е предвидено да се изгради фудбалски стадион.
Поради инцидентот вчера речиси цело Арачиново беше блокирано од полицијата, а напаѓачите беа барани и со хеликоптер.
Инаку ова не е прв напад врз градоначалникот на Арачиново. Во септември 2022 година Ибрахими бил физички нападнат од неколку лица, според него предводени од член на семејството на поранешниот градоначалник на Арачиново, Брахим Ајвази. Полицијата исто така лани упасила 69 годишен жител на село Арачиново кој упатувал закани по животот на градоначалникот поради спор со градежно земјиште.