Денес е направен вовед во работните активности на изградбата на таложник на колекторскиот систем на пречистителна станица Прилеп. Овој проект е обезбеден преку Програмата за рамномерен регионален развој од Центар за развој на Пелагонискиот плански регион во вредност од 8.250.147 денари, а кофинансиран од Општина Прилеп.
Таложникот е проектиран со цел таложење или задржување на покрупниот песок од урбаните води кој потоа оди во постоечкиот систем за прочистување на урбаните отпадни води.
Со овој таложник дополнително се вложува во процесот на заштита на водите и животната средина.