Велковски во работни посети на центрите за социјална работа Прилеп и Крушево

Во рамки теренските посети, техничкиот Министер Ѓоко Велковски оствари посета на центрите за социјална работа во Прилеп и Крушево.

„При посетата на Центарот за социјална работа Прилеп се разговараше и се разменија идеи како да го смениме и подобриме системот за социјална заштита. Детектирани се системски недостатоци како и во цела Македонија и тоа ќе биде приоритет за корекција во наредниот период. Центарот се соочува и со зголемен број на предмети и намален број на вработени.

Во крушевскиот центар разговаравме за актуелните состојби со исплатата на гарантираната минимална плата и просторите проблеми кои ги има центарот“, истакна Велкоски.

elementor-template id=”76269″]

На средбите со пензионерите во Прилеп и Крушево било истакнато дека за првпат по 1945 година пензионерите излегоа на протести во градовите низ Македонија и го дигнаа својот глас за она што им следи како луѓе коишто ги ставиле темелите на оваа држава.

„Несистемските мерки коишто на пензионерите им даваат статистичко порамнување на пензиите, се средства со коишто еден пензионер не може да го помине месецот знаејќи колку се покачени цените на производите. Затоа сме и на терен, да ги детектираме работите за да можеме да дадеме реална поддршка и на локалните самоуправи и да обезбедиме подобри услови за сите граѓани“, додаде Велковски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи