ВИДЕО – „Dance Studio New Generation Prilep“ со барање за финансиска поддршка-спонзорство за учество на светското првенство во Будимпешта


„Dance Studio New Generation Prilep“ е формирано во месец април 2011 година и клубот може да се пофали со многу резултати како на домашните така и националните првенства.

Државни прваци во Стрит Денс во 2017 во Куманово и 2019 година во Скопје. Во Белград оваа година во февруари на International Dance Open Belgrade од 46 клубови бевме на прво место во гала вечер со нашата формација 048 D.S.N.G. Интернационални натпревари: имаме многу први места и во Хип Хоп и Стрит Денс – Загреб, И.Д.Ф. Сарајево, BDY НИШ, Софија Денс Фест“, велат од Dance Studio New Generation Prilep.

Студиото има досега освоено многу награди: 52 пехари за сите години во различни категори на државни и национални првенства, 780 медали за сите години.

Од наша страна како клуб ве замолуваме за финансиска поддршка -спонзорство. Цел проект за Светското Првенство е околу 250.000 денари. Имаме патни трошоци, сместување, учесниците за учество.Тренерки со Македонија, персонал, фотограф, стајлист, медицинско лице и др. Од наша страна како клуб ќе бидете изрекламирани од почетокот на тргнување и за време на настаните. Имаме натпреварувачки настани во повеке категори. Потрошените финансиски средства ќе ви ги доставиме со документи фотографии и видео запис“, додаваат од Dance Studio New Generation Prilep.

Ж=см: 2700743799190159 Халк Банка.

Се надеваме на заедничка соработка .

Лице за контак: Оливер Богојевски, 076 290 005

Управител, тренер, судија

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи