Жител на с. Небрегово паднал од мопед и починал на лице место

На 02.04.2024 во 17.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во с.Небрегово Ѓ.М.(54) од с.Небрегово додека управувал мопед „томос“ без регистарски таблици, изгубил контрола над него и паднал.

Во несреќата на местото на настанот починал возачот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош Прилеп.

Извршен бил увид од увидната екипа од ОВР Прилеп, а по наредба на јавен Обвинител телото е предадено на обдукција.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи