Анимираниот филм „Кариран нинџа“ оваа сабота во кино „Мис Стон“

На 6 април 2024, оваа сабота во 12.00ч. во кино „Мис Стон“ ќе се прикажи анимираниот филм „Кариран нинџа“.

Влезниците по цена од 100 денари ќе се продаваат на билетарницата од киното во петок од 10 до 13.00ч, како и сабота – два часа пред проекцијата на филмот.

Податоци:

„Кариран нинџа“

Тема: Булинг

Rежија: Торбјорн Кристоферсен и Андерс Матесен

Сценарио: Се базира на книгата од данскиот комичар Андерс Матесен, кој исто така го режира филмот заедно со Торбјорн Кристоферсен

Улоги: Андерс Матесен, Ема Сехестед Хоег, Алфред Бјере Ларсен

Приказна за Алекс, ученикот што добива нинџа-кукла од неговиот чичко Стјуарт по патувањето во Тајланд. Алекс наскоро сфаќа дека чудната шарена кукла со копчиња неместо очи е всушност жива и може да му помогне да се заштити од насилниците на училиште. Меѓутоа, кога Алекс одлучува да возврати на услугата, открива дека нинџа-куклата е опседната и дека тој има мисија да ја одмазди.

Времетраење: 81′

земја: Данска

жанр: Анимиран, авантура, комедија

*Синхронизиран на македонски

Филмот е добитник на наградата „Роберт“ од Данската филмска академија за најдобар филм за деца и млади како и наградата за најдобро адаптирано сценарио.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи