ВИДЕО – Димитриевски: Да се формира експертски ЕУ тим, за адаптација на Преговарачката рамка во врска со историските прашања кои ги оспорува Бугарија, поврзани со нашиот идентитет


Под слоганот МАКСИМУМ ЗА МАКЕДОНИЈА, денеска пред споменикот Македониум, претседателскиот кандидат на Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски пред присутните граѓани ја презентираше својата програма за претстојните Претседателски избори под работен наслов МАНИФЕСТ ЗА МАКЕДОНИЈА.

Димитриевски  посочи дека Македонија е пред раскрсница. Македонија е пред клучна одлука. Македонија мора да биде земја на среќни и задоволни граѓани која мора да гради пат кон иднината.

Димитриевски исто така нагласи дека Движењето ЗНАМ – Зз наша Македонија било формирано и почивало токму на темелите на Крушевската Република и АСНОМ и затоа кампањата ја започнувал од Крушево и затоа Програмата со која што настапувал ја смета за континуитет на Крушевскиот Манифест.


„Во првите двесте дена од мојот мандат, како Претседател на Република Македонија ќе го направам следното:

Во првите сто дена во интерес на побрз европска интеграција, ќе инсистирам на формирање специјален експертски ЕУ тим, кој ќе започне преговарачки процес за адаптација на Преговарачката рамка во согласност со реалните внатрешни општествени околности во врска со историските прашања кои ги оспорува нашиот источен сосед, а се директно поврзани со генезата на македонскиот национален идентитет.

Во првите сто дена ќе инсистирам на формирање специјален правен тим кој ќе се посвети на основните европски модалитети за спроведување на меѓународното право преку имплементација на пресудите на Европскиот суд за човекови права од Стразбур, кои се однесуваат на неправедните одлуки на различните власти во Република Бугарија кон македонските организации, а кои се од суштинска важност за одржување добрососедски односи.

Во интерес на зајакнување на меѓусебната доверба и унапредување на билатералните односи со соседна Република Бугарија, во првите двесте дена ќе предложиме измени на Уставот за внесување на Хрватите, Црногорците и Бугарите воПреамбулата, со одложена правна важност, кои ќе стапат на сила во истиот момент кога Република Македонија ќе стане полноправна членка на Европската Унија.

Тука сакам да нагласам дека евентуалните предлози за уставни измени кои би се однесувале на бришење на формулацијата „јазикот кој го говорат 20 %“ и менувањето на сегашниот начин на избор на Претседател на Републиката, за мене се неприфатливи, бидејќи ги подриваат фундаментите на кои почива Охридскиот рамковен договор ѐа кој сметам дека е 100 проценти реализиран.

Во првите сто дена ќе предложиме Национална Стратегија за борба против политичката корупција. Во таа насока изразуваме подготвеност да дискутираме за правните модалитети за промена на Уставот во насока да се спречи апсолутната застареност на кривични дела сторени од избрани и именувани функционери во законодавната, извршната и локалнат авласт.

Во првите 100 дена ќе предложиме Национална Стратегија за борба против политичката корупција. Во таа насока изразуваме подготвеност да дискутираме за правните модалитети за промена на Уставот во насока да се спречи апсолутната застареност на кривични дела сторени од избрани и именувани функционери во законодавната, извршната и локалната власт.

Сметаме дека е неопходно, заради обезбедување на правна сигурност, еднаквост пред законите и неселективна правда, во следниот парламентарен состав да се отвори прашањето за законски промени за избор на Јавен обвинител на Република Македонија. Наместо на предлог на Владата, истиот да се избира со двотретинско мнозинство на предлог на опозицијата, со мандат од 6 години.

Она на што особено ќе инсистирам, како Претседател на државата, во разговорите со претставниците на различните власти и ќе се залагам да биде остварено, е примената на законите.

Ова од причина што кај нас најголемитепроблеми доаѓаат поради непримената на законските одредби или нивно слободно толкување, најчесто согласно потребите на одредени структури и воспоставени спреги меѓу различните чинители во власта.

Искуството ни кажува дека ние со години, да не речам децении, реформите ги сфаќаме единствено и само како потреба од менување на законите. А потоа се по старо.

Таа пракса мора да се промени доколку сакаме да тргнеме по нагорна линија и да направиме општество во кое граѓаните ќе бидат заштитени и слушнати“, истакна Димитриевски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи