ВИДЕО – Проданоски: На 24 април да го заокружиме бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател на Македонија

Аирлија нека е почетокот на официјалната изборна кампања за претстојните претседателски избори во кои ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните ќе биде победник. Упатувам апел до сите политички субјекти за коректна, достоинствена и фер кампања со која ќе создадеме услови, нашите сограѓани слободно да го остварат своето право на глас, рече на денешната прес конференција претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Дејан Проданоски.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

Почитувани,
Аирлија нека е почетокот на официјалната изборна кампања за претстојните претседателски избори во кои ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните ќе биде победник.
Упатувам апел до сите политички субјекти за коректна, достоинствена и фер кампања со која ќе создадеме услови, нашите сограѓани слободно да го остварат своето право на глас.
Нека периодот кој што следи, биде период на натпревар на проекти што ќе придонесат кон подобрување на животот на сите граѓани. Победничкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ на овие избори ќе настапи со одличен кандидат за претседател, врвен професионалец со интегритет, докажан во политиката, професорката Гордана Силјановска Давкова, која со сигурност ќе биде идниот претседател на Република Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ на овие избори настапува со реална програма која ќе понуди конкретни решенија и многу проекти кои ќе ги презентираме дополнително во текот на кампањата. Сите вие заслужувате власт која ќе придонесе да имаме квалитетно здравство и образование, задоволни земјоделци со навремено исплатени субвенции, економска стабилност, власт која ќе донесе нови инвестиции со нови работни места, власт која ќе се грижи и за најмладите и за пензионерите, власт која Македонија ќе ја врати на вистинскиот пат.
Токму затоа ја бараме вашата поддршка, затоа што само со ваша помош и поддршка Македонија повторно ќе биде достојно место за живеење. Промените се во ваши раце. После победата не’ чека многу работа. Ве уверувам, Македонија ќе продолжи да чекори по патот на успехот. Македонија повторно ќе биде горда. Затоа, Ве повикувам на 24.04 да го заокружиме број 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател на Македонија!

Posted by ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп on Thursday, April 4, 2024

„Нека периодот кој што следи, биде период на натпревар на проекти што ќе придонесат кон подобрување на животниот стандард на сите граѓани. Победничкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ на овие избори ќе настапи со одличен кандидат за претседател, врвен професионалец со интегритет, докажан во политиката, професорката Гордана Силјановска Давкова, која ќе биде идниот претседател на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ на овие избори настапува со реална програма која ќе понуди конкретни решенија и многу проекти кои ќе ги презентираме дополнително во текот на кампањата. Сите вие заслужувате власт која ќе придонесе да имаме квалитетно здравство и образование, задоволни земјоделци со навремено исплатени субвенции, економска стабилност, власт која ќе донесе нови инвестиции со нови работни места, власт која ќе се грижи и за најмладите и за пензионерите, власт која Македонија ќе ја врати на вистинскиот пат да биде просперитетна и економски развиена.

Токму затоа ја бараме вашата поддршка, затоа што само со ваша помош и поддршка Македонија да може да биде достојно место за живеење. Промените се во ваши раце. После победата не’ чека многу работа. Ве уверувам, Македонија ќе продолжи да чекори по патот на успехот. Македонија повторно да биде горда. Затоа, Ве повикувам на 24 април да го заокружиме број 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател на Македонија“, рече Проданоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи