ВИДЕО – Тошковски: Во мое време се запалени само 3 возила во Прилеп, сите останати за време на СДСМ, ќе направиме се да се откријат сторителите


Бројот на пријавени кривични дела во периодот од 01.01 до 01.04. е во намалување, во месец јануари имаме 117, во февруари 111, месец март 109. Имаме зголемен број на поднесени кривични пријави, јануари 29, февруари 39, март 67, имаме намален број на пријавени кривични дела со непознат сторител од општ криминалитет, јануари 93, февруари 82, март 56. Имаме зголемена ефиканост на расветлување, јануари 5%, февруари 12%, март 25% и тоа се генерално бројките и им благодарам на полициските службеници во ОВР Прилеп, затоа што тие се тие кои се заслужни за намалување или зголемување на овие бројки, во зависност од тоа дали е во корист на граѓаните на општина Прилеп, или не е, тоа не е заслуга на министерот, тоа е заслуга на вработените во рамки на ОВР Прилеп и им благодарам за тоа што имаат подобри и попозитивни резултати во овој дел, истакна денеска во Прилеп министерот за внатрешни работи, Панче Тошкоски.


Исто така во однос на опожарените возила во изминатиот период бев нападнат дека ги опожарувале возилата откако министерот од ВМРО стана министер за внатрешни, замислете. А во последните година и 2 месеци имаме 15 опожарени возила, од кои 3 се опожарени откако јас сум министер за внатрешни работи и тоа е факт, тоа се бројки. Јавноста ги знае, граѓаните на Прилеп ги знаат, но целокупната македонска јавност сега ќе ги чуе и дознае и тоа е факт. Но, исто така е факт дека одредени политички партии во Република Македонија безсрамно лажат и безсрамно ги манипулираат граѓаните, а за сето тоа граѓаните ќе си го кажат тоа што го мислат на денот на изборите. Ќе се преземе се‘ што треба да се преземе за да одговорноста има име и презиме и во иднина граѓаните ќе видат со свои очи дека одговорноста ќе има име и презиме. Се‘ што треба да се преземе ќе се преземе, чуда преку ден нема да се случат, ќе треба време да помине. Кога луѓето ќе видат дека секое едно дејствие, секој еден кривично правен настан кој ќе биде превземен на штета на македонските граѓани, заврши како што треба во законита постапка, 2 пати ќе го стави прстот на чело и ќе размисли дали ќе направи туку-така лесно нешто или нема да го направи.

Ова беззаконие и хаос на кои се сведоци прилепчани е заради тоа што поминаа еден тон афери, државава се краде како што се краде во континуитет, а притоа никој не одговарал.

Ако како последица на криминални дејствија изминатиов период во континуитет имаме 15 опожарени возила, но тоа не е откако дојде министерот од ВМРО, тоа е и кога беше претходно друг министер, треба да се запрашаме зошто е тоа така, тоа не е случајно. Но верувајте ми дека со темелна работа, со посветеност, со идење на работа во 8 часот, а не во 9 и 44, но верувајте ми, полека, да не чува Господ се‘ ќе биде“, истакна министерот Тошковски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи