ВИДЕО – Тошковски: ПС Прилеп се уште нема командир поради самоволието на директорот на БЈБ, командирот на ПС Ропотово кој пукаше ќе добие отказ


Во текот на вчерашниот ден добив правосилна пресуда со која што правосилна пресуда Управниот суд ми потврди дека одлуката која беше донесена од моја страна по однос на одреден акт за поставување на командир на одделението во Ропотово и началник на Полициската станица во Прилеп мора и треба да бидат поставени на предметните позиции заради тоа што одредбите од Законот се такви какви што се и беше од страна на Управниот суд потврдено моето решение кое го донесов како министер за внатрешни работи, а притоа беше поништена одлуката на Владата на Република Македонија, истакна денеска во Прилеп, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Во текот на утринските часови со службите, во текот на вчерашниот ден, бевме договорени, дека треба да го добијам решението за поставување на командир на Полициската станица во Прилеп. Формално правно јас го потпишувам тоа решение за поставување на командир во полициската станица во Прилеп, но истото не ми беше дадено од страна на директорот на Бирото за јавна безбедност, заради тоа што истиот оценил дека треба прво да биде запознат со таквиот акт и кратко му било времето за да се запознае во текот на денешниот ден и заради тоа Полициската станица во Прилеп се уште нема командир согласно систематизација и согласно решение по одлука донесена од страна на Советот на Општина Прилеп, заради тоа што командирот денеска дојде на работа околу 9 и 40 часот, ќе утврдиме тоа согласно камерите кои ги има во Министерството и истиот реши да не ми го достави решението кое јас како министер согласно одредбите од Закон, а не оти така ми текнало, имам право но и должност да го потпишам за да денес овде имаме согласно Закон и Решение, а и согласно правосилна пресуда донесена од страна на Управниот суд, командир на Полициска станица Прилеп. Сакам јавноста да знае дека директорот на Бирото за јавна безбедност денес ми оневозможи, односно им оневозможи на прилепчани да имаат командир согласно Закон, кој е притоа одбран од страна на Советот во Општина Прилеп. Тоа е едната правосилна пресуда која е врзана со ОВР Прилеп, а притоа денес овде нема командир затоа што директорот реши да дојде на работа некаде околу 9 и 40 часот и истиот сакаше да биде запознат лично со решението кое го потпишувам само јас и само јас имам право, но воедно и должност да го потпишам. Сакам јавноста да го знае тоа“, кажа Тошковски

Тошковски потенцираше и тоа дека Управниот суд потврдил дека командирот на ПС Ропотово треба да добие отказно решение.

Втора работа која е поврзана со ОВР Прилеп е што сум благодарен на Управниот суд што реши да донесе пресуда согласно закон и притоа одлуката со која што Владата ми поништи решение за отказ затоа што претходниот командир на Полициското одделение Ропотово користел огнено оружје, пукал каде што не требало да пука. Доби отказно решение од моја страна затоа што не постапувал согласно закон, Владата го поништи тоа решение, Управниот суд ја поништи одлуката на Владата, така да повеќе оној кој го кршел законот, а притоа бил дел од служби на МВР нема да има можност да го крши законот на позиција командир на Полициско одделение Ропотово“, додаде Тошковски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи