Вчера во Прилеп дојде и поранешната министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска. Нејзината посета имаше за цел да ги пофали проектите на Владата на СДС во сферата на политиката на креирање на работни места, како и социјалната политика и политиката на заштита на децата, но и да вети дека „животот што го овозможија за сите“, дополнително ќе го подобрат во наредните години, истакна на денешната прес конференција Стефани Стефаноска, ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
„Каков пораз и признание дека СДС во минатиот мандат ништо не сработиле во оваа област. На владата предводена од СДС и ДУИ треба да и се признае дека создаде бесперспективност, невработени и сиромашни граѓани, несреќни и револтирани пензионери, со пензии на ниво на социјална помош.
Наместо заштита на социјално ранливите граѓани, тие дополнително го урнисаа и онака нискиот животен стандард на граѓаните, и наместо вработување и перспективност во Македонија, ги принудија граѓаните својата среќа да ја бараат во странство.
Животниот стандард никогаш не бил полош. Најдобро за тоа сведочат секојдневните протести на различна категорија на граѓани.
Масовното иселување е како никогаш претходно. Единствено задоволни се само оние на кои СДС им овозможила некое работно место или некој тендер, а тие не се многу. Наместо СДС да ги продолжи економските политики на ВМРО-ДПМНЕ за нови инвестиции и нови работни места, создадоа хаос и безредие.
Владата на СДС е директно одговорна за највисоката стапка на инфлација што Република Македонија ја имала во последните 30 години. Граѓаните со превисоките цени на основните продукти и сите зголемени давачки кои поради погрешните политики неконтролирано растат, едвај врзуваа крај со крај.
Таа е суровата реалност. Вашите лаги повеќе не поминуваат кај граѓаните. Почитувана заменик-министер Тренчевска, се ближи денот кога одговорот на граѓаните ќе биди силен, одлучен и едногласен, а тој одговор на вас и на вашите челници нема да им се допадне. Народот овој пат ќе си ја врати државата во свои раце. Maкедонија повторно ќе биде горда“, досаде Стефаноска.