Јавното комунално претпријатие “Водовод и канализација”Прилеп, чија основна дејност е снабдување со вода за пиење и одржување на водоводната и канализациона инсталација, работи на модернизација на опремата која овозможува побрз и поефикасен пристап до критичните точки на ниво на град Прилеп.
„Од сопствени средства денес набавен е GPS уред модел GS07 Leica Geosystems кој помага за снимање, позиционирање, мапирање, навигација како и добивање на фотографија за секој поважен јазол од водоводната и канализациона мрежа.
Исто така денес беше извршена и обука за вработените со цел правилно користење на уредот.
ЈКП”Водовод и канализација”Прилеп постојано работи на осовременување со цел граѓаните и град Прилеп да добиваат квалитетна и навремена услуга“, велат од ЈКП „Водовод и канализација“.