ВИДЕО – Јакимоски: Бугарите со ништо не им помогнале на Илинденците, но сега дволични политичари сакаат да ја предадат Македонија


Бугарите се тие кои што не им пружиле помош на Македонија и на востаниците. Пред дигање на Илинденското востание имало разговор со англиски дипломат кои им рекол дека нема да ги поддржи во кревање на востанието, но Бугарите рекле дека доколку се крене востание во Македонија тие ќе испратат 100.000 штикови. Кога Бахтијар паша тргнал со 18.000 војска и кога од Кривогаштани нагоре полето било бордо боја од фесови и кога овие 1.200 востаници овде херојски се бореле, Бугарите не мрднале ни со прст, истакна денеска од Крушево кандидатот за претседател на ГРОМ, Стевче Јакимоски.

„Значи тоа е само уште една потврда на расипаната до крај, до срж бугарска политика и уште едно предавство кое го направиле на македонскиот народ. Не само што не пружиле помош, туку потоа по завршување на Илинденското востание сите ѕверства што се правени, палежи на куќи, убивање на недолжно цивилно население, силување на жени итн., сето тоа ниту една нота бугарската влада нема пратено до ниту едно странско претстваништво, за да на крај од Англија формираат специјален Совет кој што ќе ги истражува животот и сите настани по Илинденското востание овде на оваа територија во рамките на Отоманската империја.

Мене ми е жал што еве бројот на тие што се спремаат таканаречени европски ориентирани политичари некако се зголемува, но очигледно се зголемува на оние што се спремни да ја предадат Република Македонија. Нема потреба за никаква дволичност, нема потреба за никакви театри, загриженост и патриотизам кога се знае дека штом малку ќе ги потапкаат по рамо, штом ќе им кажат 2-3 убави збора тие се веднаш подготвени се‘ да предадат за пуста власт. Ете и јас и мојата партија ГРОМ не сме спремни да предадеме, не сме спремни да ја предадеме Република Македонија и овие граѓани без разлика дали ќе дојдеме на власт или не. Ова е свето место, ова место ние треба да го чуваме, Македонците не можеме да дозволиме понатаму да бидат понижувани и одговорно тврдам дека поддршка не треба да добиваат политичари кои се трудат на секаков начин да го понижат македонскиот народ, а со тоа се‘ повеќе да овозможиме иселување на нашите млади луѓе надвор од Република Македонија.

Во надворешната политика нормално поддршка и понатаму јакнење на улогата на Република Македонија во НАТО структурите, во рамките на ЕУ, но морам да кажам дека мојата мисија би била да се дигне дигнитетот на Република Македонија. Она што бараме е само малку почит повеќе за Република Македонија, за граѓаните на Република Македонија и она што мораме да ѝ го соопштиме на ЕУ е дека ние сме подготвени да чекаме пред вратата на ЕУ до 2030 година, потоа не сме подготвени, до каде сме стигнати до тука, од тука натаму ние ќе бараме решенија за сите проблеми на нашите граѓани, особено за економските проблеми кои ги има Република Македонија“, кажа Јакимоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи