Прилепските ветерани одбојкари од ОК „11 Октомври“ ја победија екипата на Струмица


Денеска, сабота 06.04.2024, започна одбојкарската лига за ветерани во машка конкуренција. Самата лига брои 8 екипи, а меѓу другите тука е и прилепската екипа ОК „11 Октомври“ – ветерани. Првото коло се одигра во Гевгелија, а нашиот тим ја победи фаворизираната екипа на Струмица 1 со резултат 2:1 во сетови.

Тимот на „11 Октомври“ е во состав : Жарко Илиески, Димитар Стрезоски, Зоран Пилоски, Славчо Кузманоски, Мартин Наумоски, Теодор Ангелески, Гоце Бурнески, Васко Гајтаноски,Петар Толески, Кирил Котески, Никола Димоски, Александар Савиноски, Далибор Раевиќ и Павле Стефаноски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи