63 годишен прилепчанец изгорел додека палел стрништа кај вештачкото езеро во Прилеп


Телото на 63 годишниот прилепчанец С.Д. е пронајдено изгорено попладнево на неговиот имот кај месноста викана Поводеници кај вештачкото езеро во близина на Прилеп. Според јавниот обвинител Стевчо Биноски кој извршил увид на лице станува збор за несреќен случај.

„На терен излеговме околу 13 часот. Извршен е увид од екипи на крим техника и од моја страна и утврдено е дека станува збор за несреќен случај без сомнение за сторен кривично дело, затоа не е наредена ниту обдукција на телото. Претходно сега починатиот палел стрништа и суви треви и огнот го зафатил и него по што тој починал“, истакна јавниит обвинител Стевчо Биноски.

Според командирот на ТППЕ Прилеп, Кристијан Момироски против пожарните екипи за брзо време го изгаснале пожарот, но сега починатиот веќе бил починат кога пристигнале.

„Излеговме на терен со 2 возила и 8 пожарникари. За брзо време по излегувањето на терен пожарот е изгаснат, но кога пристигнала нашата екипа возилото на Итната помош веќе заминувало од местото на настанот со сега починатиот“, истакна командирот на ТППЕ Момироски.

Од Итната помош во Прилеп истакнаа дека за жал нивната екипа можела да констатира само смрт.

„Екипата на Итната помош од Прилеп веднаш излегла на терен но кога пристигнала на лице место човекот веќе бил починат“, изјави Даниел Аврамоски, началник на Итна помош Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи