Војдан е предвремено родено дете кое борец уште од првата секунда од неговиот живот. 71 ден поминат во инкубатор, на респиратор со мал милион дијагнози и прогнози, но тој се избори и си дојде дома.
„Кога мислевме дека нема крај на нашата среќа животот повторно ни го зададе најголемиот удар на Војдан му дијагностицираа церебрална парализа. Од 11 месеци почнавме на интензивен третман во Загреб. Одиме секој месец и остануваме таму по 1 недела. Војдан има сериозен напредок па ние како родители ги молиме сите хумани граѓани да ни помогнат да продолжиме со терапијата која му е неопходна“, вели таткото на Војдан.
Сите оние кои сакаат да донираат за малиот Војдан податоците можат да ги најдат на следата фотографија:
Истото можат да го направат и на следниот ЛИНК.