Триесет и тригодишен прилепчанец е приведен во Шуто Оризари откако кај него била пронајдена марихуана.
„На 07.04.2024 во 08.55 часот на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Ш.(33) од Прилеп, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана“, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.