60-годишен човек од село Дреновци, општина Долнени, им пријавил на полициските службеници од СВР Велес дека додека пасел крави, го нападнала мечка која ја избркале неговите кучиња.
Инцидентот се случил во велешкото село Оморани на 7 април, а лицето било донесено во велешка болница ден подоцна, откако почувстувал тешкотии од здобиените повреди.
„На Ургентен центар донесено е лице кое се жалело на повреди на нозете, по напад од мечка. По извршените претраги и снимања констатирана е скршеница на левата потколница, како и други телесни повреди. Потоа е пренесено на неврологија, кaде му е дадена потребната нега. Повредениот сега е на одделението на ортопедија“, велат од ЈЗУ Општа Болница Велес.
248