На 17 април ќе се одржи 11-та по ред клупска изложба на уметнички фотографии „Јордан Зазоски – Зазо“


Фото Кино Клуб „Прилеп“ го имплементира проектот Клупска изложба на уметнички фотографии „Јордан Зазоски – Зазо 2024“  поддржан од Министерството за култура како проект од национален интерес во културата од областа на визуелните уметности, архитектура и дизајн за 2024 година. Целта на проектот е збогатување на културната понуда во Општина Прилеп преку афирмирање и промоција на уметничката фотографија.

Изложбата ќе биде свечено отворена од градоначалникот на Општина Прилеп и претседателот на Фото Кино Клуб „Прилеп“, Александар Десоски, на 17 Април (среда) со почеток во 19 часот, во фоајето на на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи