Со раст на економијата од 2,5% Македонија е на дното на листата од земјите од регионот, стои во податоците од Светска Банјка.
Инфлација ќе се движи околу 3 проценти и предупредуваат дека зголемувањето на платите може дополнително да ја подгрее инфлацијата, а замрзнувањето на цените сметаат дека е краткорочна мерка која не ги дала очекуваните резултати.
Според нивните истражувања секое второ домаќинство во земјава едвај преживува и апелираат граѓаните да почнат да штедат електрична енергија.
Резултатите се толкуваат со влошените економски активности кај главните трговски партнери, најмногу во Германија, како и со неусогласениот раст на платите и продуктивноста. Сепак, се предвидува извесно подобрување. Конкретно, годинава растот би требало да достигне ниво од 2,5, а во 2025 – 2,9 проценти.
Инаку најголем раст е проектиран за Косово – 3,7% во 2024 и 3,9% во 2025 година. Следува Србија со 3,5 проценти за оваа и 3,8 проценти за идната година. За 2024 најниска е проекцијата за Македонија, а идната година, ако се остварат очекувањата, зад нас ќе остане само Црна Гора со 2,8 проценти.