Во театарот „Војдан Чернодрински“ се подготвува претставата „Поблиску“

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во тек се подготовките за претставата „Поблиску“, текст од Патрик Марбер, во режија на Кирил Петрески. Текстот и авторот првпат се поставува во прилепскиот театар.

„Се работи за еден специфичен драмски текст кој што се занимава со односите на маж – жена и прави анализа на деструктивните можности на љубовта, интимноста и телесните желби меѓу два модерни парови“, вели режисерот Петрески.

Во претствата ќе играат  Наташа Ачански, Катерина Чакмакоска – Клинческа, Илија Волчески и Дарко Карбески.

Костимограф е Александар Џинго, изборот на музиката е  на режисерот Петрески и Томе Темелкоски. Премиерата е планирана за месец мај.

Авторот Патрик Марбер е современ англиски драматург, театарски и филмски режисер, актер и сценарист. Автор е на повеќе пиеси, сценарија за филмови, професор по современ театар на Оксфордскиот универзитет.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи