ВИДЕО – Димитриевски од Прилеп: Нема да дозволам Македонците да бидат граѓани од втор ред во своја држава, не сакам да плаќам данок за Груби и Ахмети да играат фудбал и пеат песни во канцеларии финансирани со наши пари

Народот се посиромашен и посиромашен а политичката елита аздисана од власт не знае со пари што да прави. И тоа чии пари граѓански пари. Е па да ви кажам ДОСТА БЕШЕ! За мене ДОСТА, а верувам и за вас. И затоа вечерва вака ве гледам охрабрени во Прилеп, а велат малку сме биле, епа да би кажам многу повеќе од колку во Куманово во oктомври 2021,истакна вечерва во Прилеп кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски.

Ете лесно е да се биде дел од конгломератот, но тешко е да се одважиш во момент штитејќи ги државните и националните народните интереси , да им кажеш НЕ на туѓите и на своите. Затоа што дојде моментот да молкот биде повеќе од срам. И не е дозволиво Македонија да биде мултиетничка држава како што некои ја нарекуваат. Македонија треба да гради мултиетничко општество , на македонскиот народ и на сите граѓани кои што живеат во неа вклучувајќи ги при тоа и Албанците и Турците и Ромите и Власите и Србите и Бошњаците и сите останати кои што живеат тука во Македонија. Во оваа држава има место за сите, но притоа треба да се знае доколку зависеше оваа држава и нејзината независност од желбата на тие што се околу нас, ние денеска немаше да имаме своја и независна држава. Македонија ја направија нашите комити почнаа во Крушево, продолжија во Прилеп и Куманово партизаните, тие беа Македонци поддржани од сите останати народи, но првенствено се прашуваше Македонскиот народ, бидејќи да зависиме од желбата на другите и тие што се околу нас ние денеска немаше да имаме независна Македонија“, истакна Димитриевски.

Димитриевски нагласи дека со години се менуваат едните, а доаѓаат другите, а младите си заминуваат, Македонија старее, а ние остануваме без идеа и без можност за понатамошен развој.

И затоа сметам дека беше потребно да се формира од граѓаните едно ново движење како што е движењето ЗНАМ за наша Македонија. Овие избори оваа година се суштинските избори каде тоа понатаму како и на кој начин ќе се движи Македонија. Дали ќе останеме свои на своето или ќе дораспродадеме тоа што остана и нешто од Македонија. Затоа што јас не сакам ниту ќе дозволам некогаш од позиција на татко на нацијата и претседател на Македонија , Македонецот да биде граѓанин од втор ред во својата држава. Но уште помалку ќе дозволам некојси од ДУИ или било кој друг да ги користи како привезок политичките субјекти од македонскиот естаблишмент и во секој момент да се пазари за нивните интереси кои што се теснопартиско поврзани и да го гази секојдневно националните и државните интереси. Јас не сакам да плаќам данок во држава и да го гледам како Артан Груби игра фудбал во неговиот кабинет во паралелната влада која што ја има формирано во Скопје а при тоа целата власт и опозиција да молчи. Но истотака не сакам да гледам ни како во тие државни кабинети кои што се финансираа од наши пари се пеат кола ора и песни на господинот Али Ахмети кои како силна еминенција ја управува Македони ја и владата од сенка, а овие му служат како кукли и ги движи како сака и на кој начин сака“, додаде Димитриевски.

Тој рече дека Македонија заслужува многу повеќе од ова што го има, а тој бил тука и се ставал на целосно располагање за граѓаните.

Доволно беа претседатели кои што не излегуваа од вилата на Воднп и не знае како народот им живее и во какви услови опстојува. Работникот згазен, пензионерот прегазен обичниот човек згазен, а гли гледаме како аздисуваат со најскапи коли и живеат во велелепни вили, во странство и секаде каде што ти не а Македонија тоне во проблеми . идо кога така? Затоа сметам дека луѓето од движењето знам за наша Македониа се одвважија во круцијален и суштински момент за да им служат на државата. Да се обитат да ги променат нештата. Затоа што јас кој што тие ги нарекоа администратори ги почитувам и како народ и како држава но притоа не сакам да потклекнувам на притисоци и уцени закан и користејки ја својата позиција во членство во ЕУ на една мала Македоија да и го блокираат патот. А како што тие милуваарт да не наречат браѓќа нека го докажат тоа и нека го одблокираат процесот. Во спротивно историјата ни е повторува а ние македоците ќе се обединиме и ќе се самоорганизираме бидеќи друго нема“, истакна Димитриевски.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи