ВИДЕО – Цеков од Прилеп: Македонија да биде самоодржлива земја, нулта толеранција за криминал и корупција, мултиетничка држава, но Македонецот на прво место


Со претседателскиот караван веќе 2 недели патуваме низ многу села и градови. Можам да ви кажам дека гледаме само црнила. Граѓаните се сиромашни и владее еден црно сив свет. Во овие 30 години јас незнам едни исти луѓе што ќе понудат во своите програми и што ќе ветат по однос на владеење на правото, а си изгласаа закони каде што нема да одговараат, си изгласаа покачување на нивните плати, а граѓаните се сиромашни акко никогаш досега, ова вечерва во Прилеп го истакна носителот на листа за ИЕ4 на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Миле Цеков.

„Драги пријатели ете затоа после 30 години имате нова опција ни доаѓаат нови времиња. Доаѓа бел свет, затоа Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ќе ја извојува победата на 24 април и на 8 мај. Нашата држава заслужува претседателски кандидат кој што ќе биде стожер на државноста, гарант на уставноста, врховен командант на безбедносните сили, кој што ќе не претставува на меѓународни планови како врвен дипломат и ќе реши безброј меѓународни планови и ќе не внеси во ЕУ. Драги пријатели тоа е нашиот кандидат Максим Димитревски. Движењето ЗНАМ – За наша Македонија се заснова на неколку вредности, за нас зборот е збор и нашите идеолошки определби се од Илинден и АСНОМ, Македонија да биде самоодржлива земја, нулта толеранција за криминал и корупција. Македонија да биде мултиетничка држава, но првенствено Македонецот да биде на прво место. Во Македонија нема албанизација, во Македонија има дуизација и час поскоро тоа мора да се спречи“, кажа Цеков.

Цеков нагласи дека деновиве кога поминувале со претседателскиот караван и разговараме со илјадници луѓе сите со душа го чекале 24 април.

„А на 9 мај ќе ве поздрави идниот претседател на Македонија, Максим Димитриевски. Драги прилепчани дајте го максимумот, заокружете го бројот 7 и да се горедееме со нашиот претседател Максим Димитриески“, додаде Цеков.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи